Познатиот актер и комичар, Боб Сагет, починал од повреда на главата

Американскиот актер и комичар Боб Сагет починал од повреда на главата за која наводно не верувал дека е опасна, соопштило неговото семејство.
Сагет бил пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9. јануари во Орландо, Флорида, еден ден по комедијата во близина на Џексонвил.
„Властите заклучиле дека Боб починал од повреда на главата“, соопштило неговото семејство.

This image has an empty alt attribute; its file name is bob-saget-koleska.jpg


„Случајно се удрил во задниот дел од главата“
Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, се вели во соопштението.
Инспекторите претходно негирале дека Сагет умрел од дрога или злосторство и верувале дека се работи за срцев или мозочен удар.
Погребот на ѕвездата од „Полна куќа“ се одржа на 14. јануари во Лос Анџелес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …