Состојка од кујната која ги отстранува најтврдокорните дамки во бањата

Производите за чистење често знаат да бидат прескапи и обично е неопходно да се купат повеќе различни за секој дел од куќата. Сепак, со едно природно средство за чистење, вашиот дом ќе блесне, а ќе потрошите само неколку десетици денари.
Лимонската киселина е природно концентрирана во различни видови на овошје и зеленчук, особено во лимоните и лиметите.
Се користи во козметиката, за медицински цели, како антиоксиданс, но и во средствата за чистење бидејќи е познато дека ги убива бактериите и ја отстранува мувлата.
Поради киселоста што ја содржи, лимонската киселина добро ја отстранува нечистотијата при чистење.

This image has an empty alt attribute; its file name is cistenje-toalet.jpg
Се раствора во вода и добро функционира како природна алтернатива на скапите средства за чистење бањи. Редовните средства обично содржат многу хемикалии, додека киселината е природно средство, целосно безопасно и подеднакво ефикасен.Најчесто се користи за полирање, чистење на тоалети, плочки, мијалници, шпорети, бигор…
Се продава во прашок кој се раствора во вода, а освен вода можете да додадете и течност за миење садови.
Можете да го купите во мали кеси за неколку денари или во поголеми пакувања.
Доколку тоалетната школка има собрано бигор навечер нанесете лимонска киселина и оставете до наутро кога без проблем ќе добиете чиста површина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …