Словачкото Министерство за транспорт официјално издаде дозвола за летечки автомобил AirCar.
Првиот лет меѓу аеродромите во два града го имал во јуни 2021. година. За половина час летал од Нитра до словачкиот главен град Братислава, оддалечен 75 километри.
Според N1, тој оттогаш успешно ги завршил сите тестови потребни за да добие официјална дозвола за лет од словачките воздухопловни власти, објавил Klein Vision.
Хибридниот авион користи мотор на BMW и може да лета со брзина од 190 km/h. Досега имал 200. полетувања и слетувања, како и вкупно 70. часа лет. Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.
AirCar, развиен од основачот на компанијата Стефан Клајн, може да се вози по патиштата како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, се трансформира во авион за нешто помалку од три минути.
Клајн и неговите партнери веќе претставија хибриден модел, првично наречен „Airmobile“, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013. година, предизвикувајќи светска сензација. Видете го и првиот лет.
Подоцна, Клајн се раздели со своите финансиски партнери и основаше своја компанија, која сега сака да излезе на пазарот со летечки автомобил наречен AirCar.
Фото: Принтскрин/YouTube