Препознајте ЛАЖГО на време: Овие знаци ќе го издадат!

Во сè покомплицираниот свет на машко-женски односи и врски, многу е корисно да научите да препознавате дали некој ве залажува, бидејќи тоа ви дава голема предност.
Лажењето е често еден од најголемите проблеми кога се во прашање врските. Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку луѓе признаваат дека тоа го прават редовно.
Имено, според новото истражување спроведено на примерок од 2.000 луѓе, секој осми испитаник признал дека го лаже партнерот.

„Загрижувачки е и тоа што еден од 12. испитаници признал дека лажел за неверство во врската, а дополнителни 8% од испитаниците биле нечесни за нивниот моментален емотивен статус или за минатите врски“


Можеби нема да бидете изненадени што мажите лажат почесто од жените. Милениумците најмногу лажат и користат табу теми како најчести изговори, како што се семејни итни случаи, смрт или погреби.
Д-р Џорџина Барнет, која е психолог во советувалиштето, објаснува дека изразите на лицето и контактот со очите кој трае предолго се клучни показатели кои „укажуваат на нечесност“.

Знаци дека вашиот партнер ве лаже
– Нивниот контакт со очите со вас трае предолго – повеќе отколку што е природно или типично. Или ги покриваат очите со рацете – објаснува д-р Барнет.
Таа, исто така, предупредува дека лажго може да го спречи контактот со очите со фокусирање на некој предмет, како што е телефонот, или едноставно гледајќи наоколу. Тие исто така би можеле целосно да го избегнат контактот со очите“.
– Многу луѓе веруваат дека ако некој ги погледне право во очи, тоа е показател за чесност, но всушност обучените и закоравени лажговци имаат тенденција да користат контакт со очи за да ве измамат – тие имаат подолг контакт со очи од просечниот човек кој го прави ова. Тие често едвај трепкаат додека се обидуваат да ви го задржат погледот, додава д-р Барнет.
Таа вели дека сето тоа е дел од стратегијата „да ве манипулираат да мислите дека се чесни“ притоа покажувајќи го однесувањето што го поврзуваме со вистината, пишува порталот „Yahoo Lifestyle“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …