Домашните миленици често можат да предизвикаат неред, но сопствениците обично им простуваат. Исто како сопственикот на ова младенче мечка.
Видеото доаѓа од Обединетите Арапски Емирати и прикажува млада мечка како доаѓа до Ламборџини и љубопитно се крева за да земе вкусно јаболко. Се крева до вратата на портокаловото Ламборџини. Иако се работи за Huracan Performante, автомобилот и системот за потпирање на вратите не издржале толкав товар.
Мечката случајно ја оттргнала вратата и му приредила значителен трошок на сопственикот. Многумина ќе се изненадат што сопственикот само се смеел на се, но уште почуден е фактот што некој има мечка за домашно милениче.
Сепак, сè станува јасно кога ќе дознаете дека се работи за шеикот Хумаид Абдула Албукаиш, колекционер на автомобили од Дубаи, кој е познат и по тоа што има многу егзотични миленичиња. Во неговата приватна зоолошка градина има тигри, лавови, хиени и змии. Кога станува збор за автомобилите, овој Huracan е само дел од „ергелата“ на Lamborghini во својата (пре)богата колекција.
Шеикот е доста популарен на социјалните мрежи, а милиони обожаватели ја следат неговата специфична љубов кон автомобилите и дивиот свет. И да, младата мечка успеала да дојде до јаболкото.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram