(ВИДЕО) TrashTour: The Movie! – документарен филм од „За Почиста Македонија“

Пред неколку дена е објавен „TrashTour: The Movie!“, краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој е спроведен од 24–29 август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип, велат  од „За почиста Македонија“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by За Почиста Македонија (@zapochistamakedonija)


„За Почиста Македонија“ е еколошко движење кое се појави во 2020 со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје. Повеќе информации на нашиот фејсбук, инстаграм или вебсајт подоле во потпис.


Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат према проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …