ИН МЕМОРИАМ: Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

Само десетина дена откако му беше доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието, денеска почина луцидниот книжевен теоретирач, филолог и поет Атанас Вангелов. Имаше 75 години.
Роден е во Богданци 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Беше лектор по македонски јазик и литература во Париз, а работеше и како новинар во Радио Скопје. Член на ДПМ од 1967 година. Едно време беше и директор на Државниот архив на Македонија. Во почетокот на 2000-те беше македонски амбасадор во Унгарија.
Беше извонреден книжевен полемичар со енциклопедиска наобразба. Некогаш во директен судир со многу значајни писателски имиња во Македонија. Последниве години беше и активен колумнист во неколку македонски медиуми.


Автор е на книгите: „Земјата на цветот“ (поезија, 1966), „Препев на планината“ (поезија, 1970), „Мистер“ Порфирие (телевизиска драма, 1971), „Живеалиште“ (поезија, 1974), „Глетки и пивиденија“ (поезија, 1977), „Артизмот и современата македонска поезија“ (студија, 1978), „Решето“ (критики, 1985), „Траги“ (поезија, 1991), „Преписите на Божин Павловски“ (студија, 1992), „Микрочитања“ (критики, 1993), „На безгласје глас“ (поема, 1994), „Морфологија на бо(л)шевизмот“ (студија, 1998) и други дела.

Добитник на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев“, „11 Октомври“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …