(ФОТО) Се огласила колешка на Болдвин од сетот: „Тоа не беше вистински пиштол!“

Веста дека Алек Болдвин ја застрелал својата колешка Халина Хачинс на снимањето на филмот „Rust“ вчера го вознемири светот. Многумина застанаа во негова одбрана, тврдејќи дека тоа не е негова вина, а се споменува и информацијата дека на снимката е користен вистински пиштол.

Ова го демантираше неговата колешка Дебра Месинг, и на Твитер го поддржа шокираниот Болдвин.
Месинг реагираше на објавата на Бени Џонсон, конзервативна медиумска личност:
„Важна вест: Алек Болдвин уби лице со пиштол, во тек е кривична истрага. Ова е вистинскиот наслов за вас“.
Спомнувањето на вистинскиот пиштол на сетот се уште не е никому многу јасно, па актерката реагираше и ги демантираше информациите:
„Апсолутно НЕ е. Му беше предаден пиштол реквизит. Го искористи на сцената. Потоа се случи катастрофален настан каде Халина Хачинс го загуби животот, а Џоел Соуза беше повреден. Се молам за сите нивни семејства“.


Да потсетиме, холивудскиот актер Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс за време на несреќни околности за време на снимањето на вестерн во Њу Мексико во САД, кога пукал со пиштол, пишува „Њујорк тајмс“. Режисерот на тој филм Џоел Соуза е ранет во овој бизарен инцидент.
Актерот го поддржаа многумина, а познавачите на правилата на снимање тврдат дека вината сигурно не е на Болдвин.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …