(ФОТО) СЕКСИ ШЕРОН! Познатата актерка во седмата деценија во црн кожен фустан „ЈА ЗАПАЛИ“ ВЕНЕЦИЈА!

Актерката одлично стараее.
Без оглед на тоа што Шерон Стоун е веќе во седмата деценија од животот, убавата актерка продолжува да привлекува внимание со својот изглед.

Природна убавица
За разлика од многу познати дами чии лица се речиси неподвижни од ботокс, Шерон (63) е вистински пример дека жената може да изгледа убаво и негувано во некои подоцнежни години и покрај нејзината возраст.
Тоа го докажа со најновите фотографии на кои ја гледаме како се шета низ Венеција во црн фустан со длабоко деколте и шлицови, се’ со цел да сними реклама за брендот „Долче и Габана“.


View this post on Instagram


A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Елегантниот црн фустан ја истакна витката линија на убавата актерка, додека шлицот и деколтето ги ставија витките нозе и гради во преден план. Изгледот го комплетираа црните сандали, но се чини дека пресудна е харизмата и енергијата со која зрачи Шерон Стоун.

Таа на својот Инстаграм објави една од фотографиите од снимањето, а многу познати дами не одолеаја да го пофалат нејзиниот изглед.
„Мислам, ова е моќ. Вистински гламур за моите очи. Ви благодарам”, напишала Селма Блер, додека актерката Холанд Тејлор само накратко рекла: “Драги Боже!”.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …