Врз основа на собраните податоци, списанието „Variety“ и оваа година ја објави топ листата на актери со најголема заработка по филм, а многумина можеби ќе се изненадат кога ќе видат за какви вртоглави бројки станува збор.
Британскиот актер Даниел Крег, кој наскоро ќе се збогува со улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, според „Variety“ на сметката ставил дури 100 милиони долари што го прави најплатениот актер на денешницата.
Друштво во самиот врв е составено од колеги како Двејн Џонсон, Вил Смит и Дензел Вашингтон, кои исто така се фалат со осумцифрена бројка на сметката.
Како што е посочено, стриминг услугите се главни и одговорни за фактот дека славните актери го подобрија салдото на нивната сметка, бидејќи сега главно ги наплатуваат своите улоги однапред.
Уште во март оваа година, беше објавено дека Даниел Крег ќе се појави во новата серија филмови на Нетфликс, за што доби завидна бројка.
Двејн Џонсон доби огромна сума за акциониот филм „Red One“ да се прикажува на сервисот на Амазон, додека Вил Смит, исто така, доби вртоглава бројка за филм за животот на „Венус и Серена Вилијамс“, во кој го глуми нивниот татко Ричард, а кој освен во кината премиерно ќе се прикаже и на HBO.
View this post on Instagram
Најплатените актери и актерки на денешницата:
Даниел Крег (100. милиони долари)
Двејн Џонсон (50. милиони долари)
View this post on Instagram
Вил Смит (40. милиони долари)
Леонардо ди Каприо (30. милиони долари)
Марк Волберг (30. милиони долари)
Џенифер Лоренс (25. милиони долари)
Џулија Робертс (25. милиони долари)
Сандра Булок (20. милиони долари)
Рајан Гослинг (20. милиони долари)
Крис Хемсворт (20. милиони долари)
Бред Пит (20. милиони долари)
Мајкл Б. Џордан (15. милиони долари)
Том Круз (13. милиони долари)
Кијану Ривс (12-14 милиони долари)
Крис Пајн (11,5 милиони долари)
Роберт Патинсон (3 милиони долари)