ЕВЕ КОЛКУ ВОДА ТРЕБА ДА ИСПИЕТЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТЕЖИНАТА: Не е, за секого, неопходно, секој ден да испие по 2. литри!

Некој едноставно не чувствува потреба да пие два или повеќе литри вода секој ден, а оваа табела има и објаснување зошто е тоа така.
Водата е за телото исто како гориво за автомобил. Штом неговото ниво е критично, се пали црвено светло во форма на жед, гадење, главоболка.
Ова значи дека дехидрацијата веќе отишла предалеку. Затоа е важно редовно да пиете вода – бидејќи течноста, испиена пред неколку часа или претходната вечер – не се смета.
Како правилно да ја пресметате количината на вода што треба да ја пиете секој ден? Подготвивме и предлагаме да ја користите оваа табела за преглед. Зачувајте ја и искористете ја за здравје.


40 кг – 1,2 литри
45 кг – 1,4 литри
50 кг – 1,5 литри
55 кг – 1,7 литри
60 кг – 1,8 литри
65 кг – 2 литри
70 кг – 2,1 литри
75 кг – 2,3 литри
80 кг – 2,4 литри
85 кг – 2,6 литри
90 кг – 2,7 литри
95 кг – 2,9 литри
100 кг – 3 литри
Ако вашата точна тежина не е во табелата, користете ја оваа формула за да ја пресметате дневната норма на вода:
За жени: (тежина x 0,03) + (време на физичка активност во часови x 0,4) = … литри
За мажи: (тежина x 0,04) + (време на физичка активност во часови x 0,6) = … литри


Три корисни совети за да научите да пиете повеќе вода:
♦ Истурете мала количина вода во чашата. Започнете со количината на течност што е оптимална за вас. Подобро е да се испијат неколку голтки со задоволство, отколку цела чаша, но со сила.
♦ Чувајте сад со вода на повидок. Подобро е да купите прекрасно шише што ќе ве мотивира за нови достигнувања и ќе ве потсетува на здрав начин на живот со добри навики.
♦ Користете мобилни апликации. За да контролирате и да добиете потсетници за потребата да пиете вода, инсталирајте некои од апликациите – WaterCheck, Watermania, Hydro, WaterBalance.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …