(ФОТО) НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАЛ ОВА: Џенифер Анистон се вратила на СТАРАТА ЉУБОВ!

Поради старо-новата холивудска двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек паѓаат во заборав.
Се чини дека познатата холивудска актерка Џенифер Анистон конечно ја најде среќата во љубовта, ако им се верува на пишувањата на странските медиуми.
Нејзиниот љубовен живот е под будното око на јавноста откако се разведе од својот колега и долгогодишен сопруг Бред Пит.
Иако многумина посакуваа тие двајца да се помират, со оглед на тоа што љубовта меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли прекина, тоа на крајот не се случи.
Актерката сега наводно е во среќна врска со друг колега – ни помалку ни повеќе туку со Дејвид Швимер, со кого глумеше во познатата серија „Пријатели“.


View this post on Instagram

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine)


Познатите Рос и Рејчел од „Пријатели“, кои ја започнаа својата љубов на почетокот на снимањето на оваа серија, станаа двојка во реалниот живот по 30. години, пренесува британски „Miror”.
„Двајцата бевме многу вљубени еден во друг, но бевме како два брода што поминуваа еден покрај друг. Еден од нас секогаш ќе бњеше во врска и никогаш не ни беше дозволено да ја преминеме таа граница”, признал Дејвид за време на специјалот на HBO посветен на „Пријатели.“, додека Џенифер ги потврдила неговите зборови.


Наводно, страста повторно се разгорела кога се собрале за продолжението на „Пријатели“.
Извори од британскиот магазин „Miror“ велат дека една од омилените двојки од ТВ -екранот наскоро почнала да разменува пораки, а славниот пар бил забележан како ужива во прошетки и обиколки на калифорниските лозја.
„Забележани се како пијат вино концентрирани на разговорот, додека шетале низ едно од омилените лозја на Џенифер во Санта Барбара, каде што било јасно дека меѓу нив има многу хемија“, рекол извор за списанието.

Фото: Принтскрин/YouTube/ Brut America

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …