(ВИДЕО) Сигурносните камери снимиле питбул како спасува кученце од давење: Неверојатна приказна!

Сигурносна камера покрај базенот на семејната куќа снимила питбул како спасува мало кученце од давење.
Кога питбулот го видел кучето во базенот, најпрво не знаел што да прави, па почнал да трча наоколу. Потоа го фатил кутрето за ушите и се обидел да го извлече, но не успеал веднаш.

Дури по неколку обиди, питбулот успеа да го извлече малото куче од базенот. Сопствениците на кучиња за The Dodo изјавиле дека питбулот има 13. години и многу се плаши од вода. Тие биле многу горди кога на видеото виделе што се случило и како реагирало нивното куче.
Видеото го прегледале повеќе од половина милион корисници на Фејсбук.
„Колку неверојатна приказна. Никогаш не ја потценувајте способноста на животното да почувствува кога нешто не е во ред”, рекол во коментар еден од гледачите на видеото.


Видео и фото: Facebook/The Dodo

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …