(ВИДЕО+ФОТО) Кејт Мидлтон: Комбинација со која војвотката погодила директно во центар!

За да ја одбележат Европската недела на ментално здравје, што ја подигнува свеста за нејзината важност во секојдневниот живот, војвотката и војводата од Кембриџ отпатуваа во англиската област Вест Мидлендс.
Тие посетиле неколку организации и здруженија во областа кои се грижат за менталното здравје на нивните одделенија како дел од нивните програми.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Тие најпрво дошле во здружението „The Way Youth Zone“, кое организира разни форми на активности и рекреација за деца и млади од осум до 19. години. Таму, тие исто така учествувале на работилница за време на која дискутираа за тоа како физичката активност и поврзувањето со природата позитивно влијаат на нашата ментална состојба.
Потоа отишле да се дружат со штитениците и добро се забавувале. Кетрин и Вилијам уште еднаш ја покажаа својата натпреварувачка страна кога играле пинг понг, стрелаштво, но и кога саделе цвеќиња.


Војвотката носела прекрасна облека за таа пригода.
Заедно со старите панталони на брендот „Jigsaw“, таа носела две нови парчиња во кои никогаш порано не сме ја виделе – симпатична кошула на Тори Бурч украсена со точки и долг капут од Кетрин Вокер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ModernRoyalEra (@modernroyalera)

Таа ги носела и своите стари и проверени темно сини салонки од марката Josie, направени од четкана кожа, а темносината чанта совршено се вклопила во тоа издание.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …