Какво време може да очекуваме наредните пет дена а што до крајот на мај?

И додека УХМР главно дава прогнози за околу пет ден AccuWeather оди малку подалеку па најави прогноза за наредните 30. дена…Погледнете
Денес (недела) ќе биде сончево со умерена облачност. Во североисточните делови во пладневните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. T= 24 °C, P= 973 hPa, U= 42 %, V= 3 m/s.
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 14 Берово, 8 Струмица, 5 Гевгелија, 4 Охрид, 2 Штип, Дојран, Лазарополе, 1 Прилеп, Тетово, Маврово, Попова Шапка.
За понеделник УХМР најавува сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.Утринските температури ќе се движат од 6. до 14. степени, а дневните од 18.до 30.
Во вторник можеме да очекуваме претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.. Минимална температура: 8°C до 15°C. Максимална температура: 22°C до 27°C.
Во среда се најавува сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Минимална температура: 6°C до 14°C. Максимална температура: 6°C до 25°C.
Во четврток умерено облачно, на места повремено значително облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Минимална температура: 4°C до 11°C. Максимална температура: 18°C до 24°C.
Доколку ве интересираат временските прилики во наредните 30 дена според светскиот центар AccuWeather погледнете ја сликата подолу.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …