НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ФУКУШИМА: Повторно тресело во Јапонија – нема предупредување за цунами!

Земјотрес со јачина од 4,7 степени денес го погоди североисточниот дел на Јапонија, а според националната метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од префектурата Фукушима на длабочина од 50. километри.
Агенцијата соопшти дека нема извештаи за жртви или штети на зградите во земјотресот, а властите не издале официјално предупредување за цунами.


Силен земјотрес се случи на 13. февруари во Тихиот океан северо-источно од Фукушима, во кој беа повредени повеќе од 160. лица, а земјотресот беше почувствуван во најмалку десет префектури на Јапонија.
Метеоролошката агенција на Јапонија предупреди дека земјотресите може да продолжат во текот на целата недела, а досега имало повеќе од 20.

Фото: earthquake.usgs.gov


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …