(ФОТО) На 15. години поради ретка болест изгледала како старица! Шокантни пред и после слики на кинеска пластична хирургија!

Девојче од Кина, кое на 15-годишна возраст изгледало како старица поради ретка болест, се здобила со целосно ново лице благодарение на пластичната хирургија, а операцијата, која чинела 56.000 фунти, била покриена од болницата.
Ксиао Фенг е псевдоним на млада Кинеска која била малтретирана од деца за време на училиште поради нејзиниот изглед. Со години се чувствувала несигурно и инфериорно поради нејзината набрчкана кожа.
Јавноста се запознала со нејзиниот случај дури по операцијата што се одржала минатата година и траела седум и пол часа.
Ксиао Фенг страдала од прогерија, наследна болест што предизвикувала предвремено стареење и се јавува кај едно од осум милиони родени деца. Нејзината мајка ја имала истата болест.


Кјао страдала од прогерија, наследна болест што предизвикува предвремено стареење и се јавува еднаш во осум милиони случаи.
Операцијата ја извршил тим составен од десет хирурзи, тројца анестезиолози и пет медицински сестри. Отстранета е вишок кожа со дебелина од седум сантиметри, и биле оперирани носот, веѓите и устата.
Кожата на Ксијао започнала да се опушта кога таа наполнила една година.
На прес-конференцијата во болницата, за прв пат го видела своето ново лице во огледалото. Плачела додека ги гушкала своите родители.
Пред операцијата, Ксиао не се фотографирала и немала пријатели.
„Никој не сакаше да си игра со мене, само гулабите ме следеа затоа што не мислеа дека сум грда“, рекло девојчето.

Фото: Shenyang Sunline Plastic Surgery Hospital

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …