(ФОТО) БУГАРСКИОТ РОКИ КАКО ОРИГИНАЛНИОТ: Фалсификатори во БУГАРИЈА го користеле Сталоне за реклама на своите лажни документи! Печателе и евра и долари!

Бугарските власти разбиле банда фалсификатори кои го промовирале квалитетот на нејзините нелегални документи и банкноти покажувајќи лажен бугарски пасош со слика на американскиот актер Силвестер Сталоне.
Обвинителството во петокот обвинило четворица бугарски граѓани осомничени дека припаѓаат на ланец на организиран криминал, правејќи и дистрибуирајќи лажни бугарски документи и фалсификувани банкноти од американски долар и евро.
Четворицата биле уапсени откако биле пронајдени печатарски машини и опрема за производство на фалсификувани банкноти и документи при претреси на 30. локации низ Бугарија во заедничка акција со Европол и тајните служби на САД.


При претрес на стан во јужниот град Пловдив, полицијата запленила големи количини фалсификувани банкноти од евро и долар, како и лажни бугарски лични карти и возачки дозволи.
„Полицијата заплени и бугарски пасош со слика на познат американски актер, кој бил искористен како примерок за да им се покаже на клиентите високиот квалитет на нивните фалсификати“, се вели во соопштението на обвинителството.

Фото: Скриншот/Тwitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …