Пијана и без маска влегла во јавен превоз во Минхен и „шутирала“ луѓе

Жена со српско потекло во јаврн превоз во Минхен шутирала луѓе, кои од неа побарале да ја почитува обврската да носи маска.
Бидејќи не носела маска, еден маж и пришол на 22-годишната жена барајќи од неа да ја стави, како што е пропишано.
Најпрво вербалната расправија се претворила во тепачка, соопштила полицијата.
Според полицијата, жената со нога го удрила мажот во стомакот, а при тепачката тој добил неколку гребаници на раката. Покрај тоа, таа му го откинала ланчето и му го оштетила мобилниот телефон.
Германската полиција, предупредена поради тепачка во јавниот превоз, ги издвоила двајцата патници. При утврдувањето на причината за ситуацијата, Србинката ги навредувала чуварите на редот, и ги клоцала неколку пати.
Инаку, таа била во алкохолизирана состојба, како што подоцна било утврдено, во крвта имала 2,66 промили алкохол. Полицијата започнала истрага за нанесување телесни повреди, навреди, како и нанесување штета. Исто така, поднесена е пријава за кршење на мерките за корона, за што ќе биде казнета со 250. евра.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …