Еден од најпознатите текстописци на Балканот, Марина Туцаковиќ, не се појавуваше долго во јавноста поради здравствени проблеми, а сега со семејството одмара на Златибор.
Имено, нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ објави фотографијата на Марина на својот Инстаграм.
Марина седе во кафуле, облечена во сини панталони и лила џемпер.
„Госпожиштето МТ’, напишал Милан покрај фотографија од неговата мајка.
Марина Туцаковиќ
Лача, инаку, се пресели од Белград, прво во Скопје, а потоа во Нови Сад, а неодамна ги откри и причините.
„После борбата на мајка ми со болеста, што беше многу тежок период за мене, заминав во Македонија. Таму, случајно го запознав Дарко Димитров, работев со него на песна за Анастасија Ражнатовиќ. Требаше да ја одморам главата некое време, бидејќи тие претходни години буквално ја спасуваа мајка ми од најтешкото заболување. Оттаму започна сè. Најдов малку мир во Скопје. Сега сум во Нови Сад. Бидејќи сум луд и полухистеричен, тие рамни градови ме смируваат. Јас веќе не го чувствувам Белград како мој град. Не можам да творам во мојата куќа, мојата болна мајка е таму, мојот брат почина таму“, си ја отворил Милан душата во емисијата „Нешто поинакво“.
Фото: Принтскрин/Instagram