(ВИДЕО) После долга пауза се врати Ед Ширан: Слушнете ја неговата нова песна!

Повеќекратно наградуваниот композитор, текстописец и пејач Ед Ширан вчера објави нова песна наречена „Afterglow“.
Ед веќе подолго време работи на нов албум, кој планира да го издаде во текот на следната година.
Оваа песна е негов празничен подарок на обожавателите ширум светот.
„Песната ‘Afterglow’ ја напишав минатата година и ви ја посветувам вам. Ова не е прв сингл од иден албум, туку е само песна што ја сакам и се надевам дека ќе ви стане драга и вам. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен одмор за време на празниците. Среќна Нова Година!“, порачал Ширан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …