Работа од соништата: За 30. дена лежење плаќаат 11.000 евра

Во Германија се нуви невообичаена и многу добро платена работа. Воздухопловниот центар (ДЛР) во Келн бара дванаесет мажи и дванаесет жени за истражувањето, кое трае 60 дена, пренесува Бизлајф.
Од тие 60 дена, 30 одмараат во кревет, а надоместокот е 11.000 евра.
„Но, тоа не се нужно лесни пари. Не е само лежење и одмор“, рекла Андреа Нитче од ДЛР.
Учесниците на студијата мора да останат во кревет 30. дена континуирано, со главата во позиција малку пониска од нозете, односно за 6 степени.
„Особено е тешко за мажите“, објаснува Нитче.
Студијата трае вкупно 60 дена, вклучувајќи две недели прилагодување и две недели последователна грижа.
Слично истражување е веќе спроведено во DLR. Тие се користат за истражување на многу промени што можат да влијаат на астронаутите. Покрај строгиот одмор во кревет, треба да се симулираат ефектите на бестежинска состојба во вселената.
Пријјавените треба да исполнат низа барања. На пример, да бидат на возраст помеѓу 24. и 55. години, индексот на телесна маса или БМИ да им е меѓу 19. и 30. и да бидат високи помеѓу 1,53 и 1,92 м. Покрај тоа, психички и физички подготвени и здрави.
Оние кои мислеле само на пари, честопати не ги исполнувале условите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …