Научниците тврдат дека нашле лек кој го спречува ширењето на корона за 24. часа

Тимот бил предводен од д-р Ричард Племпер, кој исто така открил дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.
Истражувачи од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се зема орално и спречува заразените лица да го шират коронавирусот на здрави луѓе во рок од 24. часа.
Лекот за кој станува збор е МК-4482/EIDD-2801, попознат како Molnupiravir, кој целосно го запира евентуалното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.
Тимот бил предводен од д-р Ричард Племпер, кој исто така открил дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси, пренесува Танјуг.
„Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КОВ-2. Ова може да биде пресвртница“, рекол Племпер.
Запирање на ширењето на вирусот се додека не се случи масовна вакцинација на планетата би спречила катастрофални последици што веќе ги остави пандемијата.
-Забележавме дека лекот МК-4482/ЕИДД-2801 донесе цела низа активности против респираторни РНК вируси и лекување на заразени животни давајќи им го лекот орално драматично ја намалува трансмисијата“, рекол Племпер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филм и трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“

Вечерва во КСП Центар -Јадро во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да …