(ФОТО) ПОТЕГ ЗА РЕСПЕКТ – Владимир Блажев понуди своја помош каде МЗ има дефицит од луѓе: „Заедно секогаш сме појаки!“

Владимир Блажев (ДНК)  на својот профил на Фејсбук несебично се понуди да помогне во состојбата со корона вирусот кај нас, секако каде има потреба и нагласи дека не му треба хонорар туку дека ќе работи како волонтер…Потег за респект!

„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, тешката и макотрпна борба на нашите лекари и сите здравствени работници, би сакал доброволно да се пријавам да помогнам каде што има потреба од екстра работна сила.
Не се разбирам во медицина ниту сум квалификуван како лекар и медицинско лице но можеби би можел да послужам и помогнам на различни локации каде што Министерство за здравство има дефицит од луѓе (дезинфицирање, чистење, превоз, набавки итд. )
Да не се сфатиме погрешно сето ова би го правел волонтерски, хонорар не ми е потребен.
Заедно секогаш сме појаки!“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …