Синот на познатиот пејач пронајден мртов во својот дом: Имал 28. години

СИН НА ПЕЈАЧОТ Боби Браун, 28-годишниот Боби Браун Јуниор. бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес.
Боби бил пронајден во средата. Службениците на полицијата во Лос Анџелес одговориле на итен повик во средата околу 13.50 часот, потврдил портпаролот Џеф Ли за Си-Ен-Ен.


Браун јуниор бил прогласен за мртов на местото на настанот. Полицијата не ја смета неговата смрт за сомнителна.
Последните неколку години не беа лесни за семејството Браун.



Витни Хјустон, пејачка која беше во брак со Браун сениор до 2007. година, почина на 11. февруари 2012. година, откако случајно се удави во када.


Три години подоцна, ќерката на Витни и Браун и полусестрата на Боби Браун Јуниор, Боби Кристина Браун беше пронајдена во бесвесна состојба во кадата во нејзиниот дом. Таа се лекуваше во болница, а потоа и во хоспис-објект скоро шест месеци, сè до нејзината смрт во јули 2015. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …