(ВИДЕО+ФОТО) Billboard оваа пејачка ја прогласи за жена на годината: Многумина не се среќни, но неа не и е гајле!

Раперката Карди Б од Billboard е прогласена за жена на годината, а наградата ќе и биде врачена во декември.
Сепак, оваа вест не им се допаднала на сите. Имено, некои веруваат дека Карди, која издаде само една песна оваа година, не ја заслужила таа титула. Сепак, важно е да се нагласи дека песната што ја објавила е исто така еден од најголемите хитови оваа година. Тоа е песната WAP што таа ја објави со Меган Ти Сталион.
„За сите што се жалите дека имам само една песна. Да, ја имам таа една песна. Сите ја знаете. Тоа е онаа што најмногу се продаваше, најмногу проследуваше, за која републиканците лелекаа на „Фокс њуз “… Песната што вашите баби ја покажуваа на ТикТок. И, да, јас влијаев сите овие години, ви велев да гласате, и не само кога Бајден се натпреваруваше против Трамп, ве предупредував за сенаторите… Трошев пари за средби со луѓе како Берни Сандерс. Патував, уморна после концертите. Да, тоа сум јас”, им порача Карди на хејтерите во видеото што го објави на Инстаграм.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)


Покрај наградата Жена на годината, Billboard ќе ја додели и наградата за Икона, на онлајн наградите во декември на музичарките Клои х Хали, Дуа Липа, Џеси Рејез, Доли Партон и Џенифер Лопез.


Најконтроверзната песна на годината
Песната WAP предизвика бројни реакции веднаш штом беше објавена во август, а многумина веќе ја нарекоа најконтроверзната песна на годината. WAP всушност е кратенка за „Wet Ass Pussy“, а покрај експлицитните стихови, вниманието на поконзервативните го привлече и сексуално наполнетото видео во кое се појавува и Кајли Џенер. И’ додека некои се згрозени од последното дело на раперката Карди Б, други го слават и тврдат дека ја слават и охрабруваат женската сексуалност и феминизам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Песната потоа го предизвика предизвикот на ТикТок, кој вклучува многу тверкање и заводливи танчерски потези или обид за пресоздавање на кореографијата од жешкото видео за песната WAP. Сè започна на почетокот на август кога кореографот Брајан Есперсон ја објави својата верзија на танцовите чекори од видеото на ТикТок, а другите брзо се надоврзаа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …