(ФОТО) Лекар открил трик со кој се спречува замаглување на стаклата на очилата додека се носи маска

Решението е прилично едноставно. Сè што ви треба е обичен фластер
Секој што носи очила со диоптер додека носи маски на лицето се соочил со проблемот на „замаглено стакло“.
Како да се спречи „замаглување на очилата“ стана предмет на бројни дискусии и еден лекар најде начин кој е ефикасен.
Д-р Даниел М.Хејферман, кој носи очила и маска додека работи, сподели трик за да спречи „замаглување на стаклото.
Решението е прилично едноставно. Сè што ви треба е обичен фластер.
Лекарот со него го лепи горниот дел од маската преку носот, што исто така спречува да се лизне маската од лицето.

„Ако ви е тешко да носите очила бидејќи ви се замаглуваат или маскате ви паѓа од носот, обичен фластер прави чуда. Слободно споделете, идејата може да спаси многумина“, напишал Хајферман.
Идејата била пофалена од многумина, дури и од моделот Криси Тајген.
„Затоа си ти лекар, а не јас“, му порачала Тајген.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …