Владимир Блажев (ДНК) на својот профил на Фејсбук несебично се понуди да помогне во состојбата со корона вирусот кај нас, секако каде има потреба и нагласи дека не му треба хонорар туку дека ќе работи како волонтер…Потег за респект!
„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, тешката и макотрпна борба на нашите лекари и сите здравствени работници, би сакал доброволно да се пријавам да помогнам каде што има потреба од екстра работна сила.
Не се разбирам во медицина ниту сум квалификуван како лекар и медицинско лице но можеби би можел да послужам и помогнам на различни локации каде што Министерство за здравство има дефицит од луѓе (дезинфицирање, чистење, превоз, набавки итд. )
Да не се сфатиме погрешно сето ова би го правел волонтерски, хонорар не ми е потребен.
Заедно секогаш сме појаки!“