Времето деновиве: Многу ладно и со снег…

Новата недела која што ни претстои на Балканот но и кај нас ќе услови поларни температури на воздухот особено во утринските часови кога во делови од Балканот особено во Босна, Црна Гора, Јужна и југозападна Србија како и во Македонија температурите на воздухот ќе се спуштат до околу -20 и тоа на планинските места додека на другите места истите ќе се спуштаат во интервал од -15 до -4 степени. Многу студено ќе биде и преку денот па така многу места температурите на воздухот и во текот на денот ќе останат во негатива.
Сето ова е поради сибирскиот продор кон Балканскиот Полуостров кој продира кон нашите краишта и температурите ќе ги спушти во длабок минус и истите ќе бидат значително под просекот од вообичаените за овој дел од годината.
Снег локално вее на пониските предели во западнтата половина од државава а со понатамошното заладување и падот на температурите на воздухот снежната граница и понатаму ќе се спушта се’ пониско и до околу 400 – 500 м.н.в. Локални врнежи од снег ќе има најмногу во западните предели каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка значителна на повисоките места и планините.
Температурите ќе се спуштат во минус и до денес наутро ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1 степен.
И во наредните денови се очекува ниските температури да се дел од нашето секојдневие. Се чини зимата – дојде, информираат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Во Фокус“ со Александра Илиева

Вечерва во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово со почеток од 20:00 часот, циклусот …