МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ – Кривична пријава за организаторот на концертот на Петар Грашо во Битола: Наместо 600 продале 2.000 влезници

Инаку, за концертот биле продадени повеќе од 2.000 билети, иако било дозволено присуство само на 600. посетители.
Организаторот на концертот на Петар Грашо во античкиот театар на локалитетот Хераклеа во Битола, кој се одржа на 20. август, ќе добие кривична пријава, изјави, за „Сител“, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој истакна дека инспекторите биле присутни до самиот крај на концертот, направиле записник и било утврдено дека не се почитуваат мерките. Како што вели Пауновски, Државниот пазарен инспекторат е присутен на сите поголеми настани кои се одржуваат, фотографираат од сите страни и прават проценка за почитувањето на протоколите.



Инаку, за концертот биле продадени повеќе од 2.000 билети, иако било дозволено присуство само на 600. посетители. Сепак, од продукцијата “Прагма”, организатор на концертот, изјавиле дека протоколите не се прекршени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …