(ВИДЕО) СТРАШНО – ПОРАДИ РАЦИЈА ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ПЕРУ ВО СТАМПЕДО ЗАГИНАЛЕ 13. ЛИЦА: Полицијата сакала да ја „растури“ забранетата журка…

Најмалку 13 лица ги загубија животите, а шестмина се повредени додека се обиделе да избегаат од ноќен клуб во Лима, во кој упаднала полицијата поради кршење на мерките за пандемијата.
Посетителите во клубот починале откако биле прегазен од толпа која се обидува да избега од полицијата, како и поради недостаток на кислород, потврдиле официјалните лица.
Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои тројца полицајци, додека 13. починале, откако околу 120 лица се обиделе да избегаат од ноќниот клуб „Tomas Restobar“ по пристигнувањето на полицијата. Органите на редот дошле во клубот на покана на граѓаните за да ја растераат забавата што се одржувала на вториот кат во клубот, вообласта Лос Оливос во главниот град на Перу.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека посетителите на клубот се обиделе да избегаат преку единствениот излез, кога масата луѓе останале заробени меѓу вратата и скалите што водат кон улицата.


Полицијата уапсила 23. лица кои присуствувале на нелегалната забава, потврдено е од Министерството за внатрешни работи.
Перу нареди затворање на ноќни клубови и барови во март, додека поголемите семејни собири се забранети од средината на овој месец, со цел да се бори против пандемијата во земјата која се наоѓа на второто место во Латинска Америка по бројот на заразени. Покрај тоа, во Перу, во неделата, беше воведена одредба за полициски час.
До денес, 585.236 луѓе се заразени со вирусот корона во Перу, додека 27.453 пациенти починале како резултат на КОВИД-19.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …