(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Силна бура со дожд – меѓу загинатите и осуммесечно бебе!

Силно невреме го погодило грчкиот остров Евиа, што резултирало со поплави но и жртви…


Поради бурата и обилниот дожд десетици луѓе останале заробени во своите куќи и автомобили, соопштила полицијата на Грција.


Полицијата пронашла брачна двојка на возраст од 86. и 87. години во поплавена куќа во селото Политика на околу 100. километри северно од Атина, без знаци на живот.


Во истото село е пронајдено мртво и осумесечно бебе, во приземјето на една куќа каде било со родителите на годишен одмор пренесе АФП.

Многумина кои биле во загрозеното подрачје спасот од обилните врнежи и силниот ветер кој предизвикале поплави побарале на покривите на куќите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …