УХМР најавува: И’ викендов нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Викендов повторно ќе биде во знакот на дождот…

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23. до 29. степени.


Според УХМР, и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13. до 21., а дневната од 22. до 32. степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18., а дневната ќе достигне 29. степени.
Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …