(ВИДЕО) АТРАКЦИЈА ВО СЕУЛ: Голем бран кој удира во стакло

Голем бран што удира во стаклени sидови во центарот на Сеул, додека минуваат пешаци под него, е вистинска атракција на јужнокорејскиот град.
Тоа е програмирана виртуелна уметничка инсталација прикажана на најголемиот надворешен HD екран, лоциран во Сеул.
„Анаморфната илузија“ изгледа како вистински бран што се појавува еднаш на час на екранот висок 20. и широк 80. метри.
Во случајот на оваа илузија, лицето мора да застане под одреден агол за да може оптимално да ја види сликата. Оптичката илузија прикажува бран што удира во стаклото.
Дизајнот на оваа креација е потпишан од компанијата D’strict, а наречена е „ Public Media Art #1 Wave“ (Јавен медиум арт # 1 Бран). Се заснова на „паметната“ ЛЕД технологија на Samsung и е правена два месеци. Резолуцијата на екранот е 7.840х1.952 пиксели, пишува Инсајдер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …