ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТОТ: Во Америка повеќе од 100.000 мртви, Перу ново жариште

* Повеќе од 5,6 милиони луѓе се заразени со корона вирус ширум светот
* Повеќе од 352.000 умреле
* Соединетите држави се најтешко погодената земја, со најмалку 100.000 смртни случаи. Следат Велика Британија со 37.000 смртни случаи, Италија со скоро 33.000 и Франција со 28.530


Бразил дневно има повеќе смртни случаи отколку САД


Во Бразил, втор ден бројот на нови смртни случаи од коронавирус е поголем отколку во САД.
Најмалку 1.039 смртни случаи се пријавени во последните 24 часа, а 683 лица починале во САД во истиот период. Вкупниот број заразени е 391.222, а 24.512 мртви


Перу ново жариште



Перу регистрираше повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а таа земја е, покрај Бразил, најголемото жариште на коронавирус во Латинска Америка.
Бројот на потврдени случаи се зголеми на најмалку 129.751, а починаа 3.788 лица.

РЕГИОН
Словенија – 1.469
Хрватска – 2.244
БИХ – 2.416
Србија – 11.227
Македонија – 2.014
Црна Гора – 324
Албанија – 1.029
Грција – 2.892
Бугарија – 2.460

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …