Денес повторно дожд – еве какво време не очекува наредните денови!


Вчерашниот дожд нема да биде само спомен туку ќе го има и денес, како и ниските температури за овој период од годината…

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3. до 12., а максималната ќе достигне од 15. до 22. степени Целзиусови.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8., а максималната ќе достигне до 19. степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Народно позориште, Сараево гостува во МНТ со две претстави

На 21 мај во 20:00 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец” по …