Кралицата Елизабета „држи“ дури шест Гинисови рекорди

Таа најдолго време владее со монархија, а исто така е и најбогата кралица на светот…
Кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство сè уште е на престолот на кој заседнала во далечната 1952 година. Таа сè уште е витална и здрава, а во последните 68. години од нејзиното владеење, Елизабета уништи дури шест светски рекорди и нејзиното име е во Гинисовата книга на рекорди.

Елизабета е кралица која најдолго владее со монархија, а таа е исто така и најбогата кралица во светот. Нејзиното богатство се наоѓа во накит, уметнички дела и недвижнини.



Исто така, го сруши рекордот во бројот на земји во кои моментно е „главна“. Таа нема политичка моќ, но таа е кралица на 16. земји на Комонвелтот.
Четвртиот рекорд што го држи е повторно во пари, нејзиното лице беше на банкноти од 35 земји во светот. Зад неа се кралицата Викторија, која ги украси банкнотите на 21 земја, а потоа и Џорџ В., кој е на 19 од нив.
Покрај тоа што е наведена во книгата за рекорди како најстара британска кралица во историјата, Елизабета е исто така и најстариот монарх во светот. Ова стана по смртта на кралот на Саудиска Арабија Абдула Бин Абдулазиз Ал Сауд во 2015. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …