Детективот Монк го победил корона вирусот

„Мина еден месец откако јас и сопругата се заразивме“, изјавил Тони Шелуб, најпознат како детективот Монк.
Актерот Тони Шелуб (66) познат по улогата на детективот Едријан Монак открил дека тој и неговата сопруга Брук Адамс (71) биле заразени со коронавирусот.
Тој бил гостин на американско шоу преку Интернет, каде рекол:
„Помина еден месец откако мојата сопруга Брук и јас се заразивме со коронавирусот. Беше прилично непријатно неколку недели. Свесни сме дека многу луѓе имаат коронавирус и дека тоа беше многу полошо за многумина“, рекол Тони.


Тој се осврнал и на ликот на Едријан Монк кој го направи познат. Тој измислен лик од хит американските серии има опсесивно-компулсивно нарушување. Тој демонстрирал како Монк би живеел во светот на пандемијата.
Тој рече дека ќе поштата би ја ставал во микробранова печка, овошјето би го миел во машината за перење алишта а од повик на Zoom ќе стоел шест метри подалеку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …