Во Македонија за изминатите 24. часа се потврдени 29. нови случаи на Ковид-19: Вкупната бројка на дијагностицирани е 1.723

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Штип-1, Велес-3, Гостивар-1, Кочани-1.
Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 588, активни 138
•    Куманово – 411, активни 47
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-35, активни 1
•    Прилеп –190, активни 62
•    Тетово – 126, активни 63
•    Струга – 69, активни 6
•    Велес – 111, активни 49
•    Битола –25, активни 6
•    Охрид –17, активни 2
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –19, активни 3
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 4
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 2
•    Берово-1, активни 1

Направените 349 теста се преку: ИЈЗ –211, Ветеринарен ф-тет -27, Авицена –17, Биотек -34, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода  -10 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …