Едно од 100.000 бебиња се раѓа во амнионската вреќичка, односно внатре во воденикот, а таков е малечкиот Ноа од Бразил, чие раѓање го забележала фотографката Јана Брасил.
Момчето е родено со царски рез, а телото му било окружено со амнионска течност. Функцијата на амнионската вреќа е да го штити нероденото дете додека не дојде на свет.
Вреќата пука непосредно пред породувањето, што на сите им е добро познато како „пукање на воденикот“.
Неговата 34. годишна мајка на новинарите им изјавила:
„Луѓето ширум светот не бараат и молат повторно да ги објавуваме фотографиите од породувањето. Многу плачев кога Ноа се роди, тоа е едноставно чувство кое не можете да го опишете“.
Јана Брасил веќе три години се бави со фотографирање на породувања.
„Неописливо е чувството да се фати таков момент. Минатата година добив две награди за фотографии на бебиња внатре во амнионската вреќа, но ниту една не беше како оваа од малечкиот Ноа“, рекла фотографката.
Гинекологот Рафаел Ангело Багиери рекол:
„Ваквите породувања се случуваат еднаш во 80.000 до 100.000 случаи. Важно е да се знае дека не ги загрозувате ниту детето ниту мајката“.
Фото: Instagram