(ФОТО) Српската водителка, на која и беше окторната раката, ја чекаат уште операции:„Не може да оди…“

„Деа изгледа одлично. Кажано и е што и се случило и добро го поднесе сознанието дека и беше искорната раката. Таа е јака и здрава жена. Не се жали на болки“, објаснил доктор Марко Бумбаширевиќ.
Водителката на „Утринска програма“ на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ (27) минатиот четврток доживеала тешка сообраќајна несреќа кај болницата „Др. драгиша Мишовиќ“ на Дедиње во Белград. ТВ водителката полесно се судрила со друг автомобил, а кога излегла од автомобилот, за да се договори со другиот возач, на неа налетал автобус и и’ ја откинал раката. Лекарите успеале да ја зашијат и спасат раката.


Доктор Марко Бумбаширевиќ, специјалист на ортопедска хирургија и трауматологија кој ја водел операцијата, е задоволен со опоравувањето на Деа.
„Деа изгледа одлично. Кажано и е што и се случило и добро го поднесе сознанието дека и беше искорната раката. Таа е јака и здрава жена. Не се жали на болки“, објаснил доктор Марко Бумбаширевиќ. Но, водителката има уште еден проблем, а тоа е фрактура на карлицата поради што не може да оди.


Како што пишуваат медиумите, докторите на Војномедицинската академија во Белград наскоро ќе закажат термин за операција, а битно им е деа што побргу да почне да оди.
Со оглед на тоа дека Деа се наоѓа на интензивна нега, посетите се забранети, но нејзиниот дечко Младен Мијатовиќ секојдневно комуницира со сестрите и докторите кои се грижат за водителката.


После несреќата се јавила и Деа која рекла како се чувствува после несреќата во која останала без рака.
„Фала му на Господ, жива сум, а и лекарите се многу задоволни како минала операцијата и велат дека опоравувањето добро ми оди. Тоа е најважно. Верувам дека се ќе биде добро“, рекла Деа и патем на сите им заблагодарила на големата подршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …