(ФОТО) Бил Гејтс: „Не заслужувам волкаво богатство!“

Еден од најбогатите луѓе на светот, сопственикот на „Микрософт“, Бил Гејтс, вели дека платил данок во износ од 10. милијарди долари но додава и дека тоа му е малку.
Како што пренесува Daily Mail, Бил Гејтс вели дека ниту тој, а ниту остатокот од светот „не го заслужува своето богатство“. Тој смета дека данокот што го плаќа е навистина малку во однос на она што го има и дека не заслужува да биде толку богат. Бил Гејтс има 96,5 милијарди долари, а тој вели дека луѓето со толку пари, луѓе како него, на светот му должат двојно повеќе.


„Платив повеќе од десет милијарди долари данок, но требаше да платам повеќе. повеќе од се го испочитував законот, но мислам дека работите би требало да бидат малку попрогресивни“.
Гејтс богатството го остворил благодарение на основањето на „Микрософт“ во 1975. година, сега една од највредните компании на светот. Тој е еден од ретките милијардери кои ветиле дека мноштвото од своето богатство ќе го даде во хуманитарни цели, пред да им остави на своите деца, кои ќе добијат помал дел.
Со својата 53. годишна сопруга ја води фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, посветена на борбата против сиромаштијата и искроенувањето на болести во сиромашните земји.
„Не го заслужувам моето богатство“, рекол Бил Гејтс.


„Никој не го заслужува. Дошло благодарение на добар тајминг, среќа и луѓе со кои работев. Секако дека напорно работев и мислам дека софтверот е навистина корисна работа, но и јас добро поминав. Не мислам дека давањето на пари на моите деца би било добро за нив и за општеството“.
„После се што ќе потрошам, и после се што ќе им оставам на моите деца и за даноци, остатокот пари оди во фондацијата. Мелинда и јас напорно работиме сето ова време за да бидеме сигурни дека парите ќе одат на оние на кои најмногу им требаат“, вели Гејтс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …