(ВИДЕО) Ѓоко Ѓорчев ни го враќа летото: Топлината на неговите „Шпански очи“ ќе ви ги згрее срцата!

Сите љубители на добрата музика добро знаат кој се крие зад прекарот „македонски Том Џонс“…
Секако, мислиме на Ѓоко Ѓорчев, кој на 31. октомври во МОБ ќе го има својот концерт по повод 25. години музичка кариера…
Поради седумте издадени албуми, бројните авторски песни, па оние фестивалски победнички ноти, како и обработените евергрини секогаш е тешко да се избере нешто од опусот на нашиот пејач…
За денес се одлучивме за евергринот „Шпански очи“, темата која ја изведе на гала вечерта на неодамна одржаниот „Еврофест“…Не, не дека во ова тмурно и студено октомвриско попладне ни недостасува Шпанија, туку поради топлината со која Ѓоко Ѓорчев ја донесува оваа песна и со која ќе ни ги стопли и возбуди срцата…


#Еврофест 2018 – #ревијален #дел#премиерно#Se #gledame #na 31-10 #MOB #Skopje


Gepostet von Gjoko Gjorcev am Donnerstag, 18. Oktober 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Две години без нашата уметница Андријана Мациев

Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година во Скопје. Средно образование завршила во …