(ФОТО) Меланија Трамп првпат ја гледаме во вакво издание: Совршена есенска модна комбинација!

Иако често ја гледаме во елегантна и гламурозна облека, првата дама на Америка Меланија Трамп овојпат покажала дека совршено ги комбинира секојдневните предмети за облекување. Многу модни магазини нејзиниот стајлинг го истакнале како совршен за есенски денови.


Кога пред неколку дена Меланија и Доналд Трамп се појавиле заедно во јавност медиумите ја пренеле нејзината приказна за неџентлменското однесување на претседателот на Америка кој ја оставил сопругата да „кисне“.

Сепак, многумина ја занемариле таа приказна и сето внимание го усмериле на облеката, поточно комбинацијата која Меланија ја имала на себе а која е совршена за есен.

Првата дама луксузната гардероба ја заменила со нешто поопуштени парчиња и за еден дождлив ден избрала сиви панталони и популарната јакна виетнамка во црна боја.
Наместо штикли на нозете имала преубави водоотпорни црни чизми на популарниот бренд „Тимберленд“ и уште еднаш покажала дека, кога станува збор за модниот ситл, таа никогаш не греши.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …