(ВИДЕО) Русија објавила снимка од „Цар“, најголемата нуклеарна бомба било кога тестирана

Во октомври 1961. година, Советскиот Сојуз ја активирал најголемата нуклеарна бомба во светот, РДС-220, бомба наречена Цар.
Тоа била бомба што експлодирала со моќност од 50. милиони тони на ТНТ.
Во видеото преведено на англиски јазик на Јутјуб се вели дека тоа е најголемата експлозија направена од човекот досега, но и дека Русија неодамна ја отстранила ознаката за тајност од невидената снимка од експлозијата на таа бомба.
Бомбардерот ја испуштил бомбата кога бил на височина од нешто повеќе од 10. километри. Се активирала скоро четири километри од земјата за да се намали зрачењето, радијацијата.
Видеото покажува дека бомбата ја носел специјално модифициран бомбардер Ту-95, бојосан во светло бела боја за да се ублажи ефектот на блесокот од детонацијата. Тој бил придружуван од помал бомбардер Ту-16, исто така опремен со камери.
Видеото го покажува моментот на детонација од повеќе агли, како од земјата, така и од бомбардерот Ту-95.
Бомбата, тешка 27. тони и долга осум метри, создала огромна „печурка“, а експлозијата била видлива на скоро 1.000 километри.
Советскиот премиер Никита Хрушчов лично наредил изградба на оваа бомба во јули 1961 година, објавил Popular mekanis. Додека Хрушчов сакал нуклеарно оружје од 100 мегатони, инженерите на крајот му подариле верзија од 50. мегатони – што е еквивалентно на 50. милиони тони (45. милиони метрички тони) ТНТ активиран одеднаш.
Дури и со половина од барањето на премиерот, бомбата била неизмерно моќна и илјада пати посилна од нуклеарните бомби што САД ги активирал над Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …