Копола го преправа третиот дел од „Кум“ за да заклучокот од трилогијата биде соодветен

Режисерот Франсис Форд Копола најави дека ќе објави нова, повторно изменета верзија на „Кум 3“, што ќе биде „поадекватен заклучок“ на трилогијата за шефот на мафијата Мајкл Корлеоне.
Според порталот NME, филмот ќе го смени и насловот во „Mario Puzo’s The Godfather, Coda: The Death of Michael Corleone”( Кум на Марио Пузо, Код: Смртта на Мајкл Корлеоне).
„Тоа е потврда за титулата што ја посакувавме јас и Марио и нашите првични намери во врска со она што се покажа дека е Кум 3“, рекол Копола.
“За оваа верзија на финалето, направив нов почеток и крај и препакував некои сцени, кадри и музика. Со овие промени и обновената слика и звук, тоа е, според мое мислење, посоодветен заклучок за првиот и вториот дел на Кум”, рекол режисерот.
За филмот се вели дека е обновен во висока 4К резолуција.
Новата верзија на „Кум 3“ ќе се дистрибуира во ограничен број кина во декември.
Во 2008. година, Копола објави обновени верзии на првиот и вториот дел од „Кум“, а во меѓувреме, денес го објави и „конечниот рез“ на Апокалипса денес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …