Звездата од мјузиклот „Брилијантин“ денес ќе го прославеше својот 75-ти роденден

Оливија Њутн-Џон, (26 септември 1948 – 8 август 2022) – австралиска пејачка, авторка на песни, и глумица родена во Британија. Таа била четири пати добитник на наградата Греми. Постигнала дури пет Број 1 и десет други Топ 10 синглови на Билборд Хот 100 листата и два Број 1 на Билборд 200 листата на соло албуми. Единаесет од нејзините синглови (вклучувајќи и два платинести) и 14 од нејзините албуми (вклучувајќи два платинести и четири двојно платинести) се сертифицирани како златни. Нејзината музика е успешна во повеќе жанрови вклучувајќи поп, кантри, и современа музика, а има продадено 100 милиони плочи низ целиот свет. Таа глуми заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивудската историја.

Њутн-Џон долго време била активист за животната средина и правата на животните. Откако преживеа рак на дојка во 1992 година, таа била поборник за подигање на здравствената свест вклучувајќи се во добротворнии организации, здравствени производи и напори за собирање на финансиски средства.


Њутн-Џон се омажила двапати. Таа е мајка на една ќерка, Клое Роуз Латанзи, со нејзиниот прв сопруг, глумецот Мет Латанзи, a втор сопруг ѝ бил Џон Истерлинг.

На 8 август 2022 година, Њутн-Џон починала од рак на дојка, во нејзиниот дом во Калифорнија, на возраст од 73 години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …