DJ сет на Виолета Качакова на единаесеттото издание на „Прво па женско“  

Денес од 22:00 часот, по перформансот на Јасна Жмак „This is my truth, tell me yours“ на Академска сцена на ФДУ, одиме на журка со DJ сет на Виолета Качакова. 

Водена од животната опсесија со музика, добриот вкус и декада и половина посветена работа како музички селектор и водител во култното македонско радио Канал 103, Виолета ја започнува својата клупска приказна во 2012 година. Својата дотогашна забележителна активност во ПМГ Рекордингс ја проширува со диџеј настапи низ скопските клубови. Нејзината 6 годишна резиденција „Чиста шминка манфесто“ (заедно со Мирко Попов) беше една од најдолгите и најинтересните во градот, за подоцна да се развие во концептуалната музичка вечер #поранобешебоље.


Освен на ПМГ настаните, може да ја сретнете низ скопските клубови и локали, каде што ја одржува публиката заинтересирана со извонредниот избор на техно, хаус и електро, како и со убедливата појава и микс. Се има претставено на фестивалите Desonanz, Skopje Pride Weekend, ПМГ Рекордингс Фестивал, Д-Фестивал, Прво па женско, CineDays, Скопје Креатива, Antistatic (Софија), АКТО (Битола)… а ја делела сцената со музички имиња како Planingtorock, Miss Kittin, Wranger, Kanton6, PMG Kolektiv.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …