Животот на малата Ина зависи од НАШАТА хуманоста: Итно се потребни средства за операција

Ина сега посетува градинка, зашто препораката на докторите е да не биде лишена од сите предизвици што ги носи детството.
На шестгодишната Ина Илиевска и е потребна итна операција за отстранување на тумор во мозокот во болница во Турција.
Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади.
Нејзината мајка Сања вели дека тогаш почнале да прават детални испитувања. Бил дијагностициран тумот во мозокот, за кој докторите потврдиле дека е бениген, но дека во иднина може да и предизвика поголеми здравствени проблеми.
– Докторите и тука и во Турција препорачуваат што побрзо да се острани туморот, со цел да не предизвика крварења и отици во мозокот. За операцијата во Турција, каде се гарантира успешна интервенција и брзо опоравување со најсовремени методи потребни се речиси 34 илјади долари – вели мајката на Ина.
Родителите на Ина покренале и иницијатива преку социјалните мрежи за собирање на потребните парични средства.

This image has an empty alt attribute; its file name is ina.jpg


– Се надеваме на помош од сите хумани луѓе – додава мајката Сања.
За таа цел се отворени и телефонски броеви на Телеком – 143 109 и на А1 – 143 471, но и трансаксиска сметка 210 7000006708 91 и девизна сметка МК0720501704228648 TUTNMK22.

Ина сега посетува градинка, зашто препораката на докторите е да не биде лишена од сите предизвици што ги носи детството.


Фото: Приватна архива на семејството Илиевски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …