Жените дале одговор: Што всушност ги прави мажите попривлечни?

Одговорите многумина би можеле да изненадат.
Експертот за односи и партнерства Луен Вард побарала од жените кои не се во врска, на Фејсбук, да откријат кои карактеристики им се важни кај мажите.
Со ова прашање, таа започнала дискусија која довела до заклучок дека физичкиот изглед за жените не игра голема улога кога се размислува за потенцијален партнер.
– Дами, дали мажите се во право кога мислат дека ќе биде потешко да се најде партнерка ако не бидат при врвот според изгледот и висината? Ако мажот не е висок, темен и убав, каква корист од тоа да биде забавен, искрен и џентлмен, ако не може да стигне ниту до состанокот?, било нејзиното прашање, а еве неколку одговори:

1. „Хемијата е број еден, ако ја немате, тоа е големо „не“… Само по хемијата следат личноста, заедничките интереси …“


2. “Што го прави мажот привлечен? Традиционални вредности и почит”.

3. „Сакам некој што е искрен, кој е џентлмен … Тој мора да биде интересен, интелигентен и да знае да ме насмее“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …